Background

На 8.192 семејства им е исплатена посмртна помош во првите 6 месеци

Во периодот од јануари до јуни во 2025 година во однос на истиот период во 2024 година вкупните остварени приходи во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се повисоки за 12,94%.

Вкупните расходи во периодот јануари-јуни 2025 година изнесуваат 64.741,63 милиони денари и во однос на расходите во истиот период во 2024 година се повисоки за 13,88 проценти.

Бројот на корисници на пензии е зголемен за 1.748 лица. За посмртна помош Фондот има исплатено средства во висина од 286.458,780 денари на семејствата на 8.192 починати корисници на пензија.

- Advertisement -
Ad image

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 21 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2025 година.

Директорот на Фондот, Никола Мемов, рече дека главната цел во работата на Фондот е навремената исплата на пензиите, што се прави, како и решавање на предметите во законски утврдените рокови. Со тоа, додаде тој, услугите што се во надлежност на Фондот ќе им се испорачуваат на граѓаните навремено и нема да има никакви застои во работата.

Директорката на секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи пред членовите на Управниот одбор го образложи Полугодишниот извештај и рече дека во изминатите шест месеци Фондот работел со изблансирани приходи и расходи, а пензиите се исплаќани навремено.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation