Background

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Утрово во 08:22 часот, преку Единствениот број за итни повици 112, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена пријава за двајца странски државјани кои планинареле кон врвот Пирибег, каде што биле затекнати од неповолни временски услови. Лицата се засолниле во планинарски објект, во близина на границата со Косово, на територија на Македонија.

По проверката на пристапноста до локацијата, утврдено е дека од македонска страна пристапот е единствено пеш, при што, поради временските услови, за пристигнување до објектот се потребни повеќе од шест часа во еден правец. Хеликоптерскиот пристап од наша страна не бил возможен поради дождот и маглата. Од косовска страна, пак, постои пристапен пат од скијачкиот центар Брезовица до објектот каде што биле засолнети лицата.

- Advertisement -
Ad image

Согласно насоките на директорот на ЦУК, раководителот на РЦУК – Тетово стапил во контакт со Службата за пребарување и спасување во планина на Косово и Агенцијата за управување со вонредни состојби (АМЕ), каде што било потврдено дека ќе бидат преземени соодветни мерки за извлекување на странските државјани од локацијата Пирибег. Во интервенцијата директно учествувал и раководел директорот/претседателот на Службата за пребарување и спасување во планините на Косово, Дени Хамели.

Во 11:45 часот, Дежурниот оперативен центар при ЦУК воспостави директна комуникација со едно од лицата преку телефонски разговор и СМС-порака, при што беше информирано дека екипа од Косово ќе пристигне за нивно безбедно извлекување.
Според информацијата добиена во 14:21 часот од косовската служба за пребарување и спасување во планина, нивните екипи биле во постојана комуникација со лицата. Потврдено е дека двајцата странски државјани се во добра здравствена состојба, а нивното извлекување се очекувало околу 16 часот.

Во 16:50 часот, Центарот за управување со кризи добил информација двете исчезнати лица се пронајдени во добра здравствена состојба. Спасувачкиот тим успешно го реализирал нивното безбедно спуштање и евакуација кон асфалтниот пат. На асфалтниот пат од косовска страна претходно биле стационирани полициски екипи и екипа на Службата за итна медицинска помош со амбулантно возило, со цел да се обезбедат соодветна медицинска помош и згрижување. Исчезнатите лица биле преземени од надлежните служби на Косово.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖