Двеиполгодишно дете и 28-годишен маж се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на локалниот пат меѓу селата Зелениково и Страхојадица, информираше Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 24 јули 2025 година во 17:40 часот, кога дошло до судир помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот М.Т. од село Дејковец, и четирицикл со кој управувал 28-годишниот С.М. од селото Страхојадица, во општина Зелениково.
Во судирот, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на четирициклот и неговото двеиполгодишно дете кое се наоѓало како сопатник на возилото. Двајцата биле веднаш пренесени на скопските клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани сериозни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на утврдување на причините за судирот.b