Background

Одобрена продажба во вредност од 322 милиони долари, со фокус на воздушната одбрана

Стејт департментот соопшти дека одобрил продажба на оружје во вредност од 322 милиони долари за Украина, со цел да се зајакнат нејзините капацитети за противвоздушна одбрана и да ѝ се обезбедат оклопни борбени возила – во време кога земјата се обидува да се одбрани од засилените руски напади, објави Асошиејтед прес.

Предложената продажба, која веќе била пријавена до Конгресот, вклучува 150 милиони долари за испорака, одржување, поправка и за генерална ревизија на американски оклопни возила, како и 172 милиони долари за системи за противвоздушни ракети.

Овие одобренија доаѓаат само неколку недели откако секретарот за одбрана Пит Хегсет нареди пауза во другите испораки на оружје за Украина, за да му се овозможи на Пентагон да направи проценка на сопствените резерви на вооружување – потег кој ја изненади Белата куќа. Потоа претседателот Доналд Трамп ненадејно ја смени својата позиција и на почетокот на месецот јавно вети дека САД ќе продолжат да ѝ испраќаат оружје на Украина.

- Advertisement -
Ad image

– Мораме да го направиме тоа. Тие мора да можат да се бранат. Сега се под силни удари. Ќе испратиме уште оружје, претежно одбранбено – рече Трамп.

Трамп неодамна даде поддршка на план според кој европските сојузници би купувале американска воена опрема која потоа би се пренесувала во Украина. Засега не е јасно дали најновата предложена продажба е поврзана со тој договор.

Откако Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година, САД ѝ имаат обезбедено повеќе од 67 милијарди долари во оружје и безбедносна помош на Киев.

Откако Трамп се врати на власт, неговата администрација постојано колеба околу тоа дали да обезбедува дополнителна воена помош за Украина, под притисок од изолационистичките струи во самата администрација и во Конгресот, кои се залагаат за запирање на американското финансирање на странски војни.

Во текот на војната, САД постојано вршеа притисок врз сојузниците да ѝ обезбедат системи за противвоздушна одбрана на Украина. Но, многу земји се неволни да се откажат од високотехнолошките системи, особено оние од Источна Европа кои самите се чувствуваат загрозени од Русија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation