Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 48-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 48-та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 28.07.2025 година (понеделник) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 47-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2025 година
- Предлог – Годишна програма за дополнување на годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлуката за субвенционирање на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
- Предлог – Одлука за давање согласност на Годишната сметка – извештај од работењето на ЈП за комунана дејност „Дебрца“ за период од 01.01.2024 – 31.12.2024 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски