Background

Трамп издаде извршна наредба

Американскиот олимписки и параолимписки комитет (УСОПК) ефективно им забрани на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови, информирајќи ги спортските федерации за пливање, атлетика и други дисциплини дека имаат „обврска да се усогласат“ со извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, објави Ен-Пи-Ар.

Новата политика беше објавена во понеделникот преку тивка промена на веб-страницата на УСОПК, и потврдена преку писмо испратено до националните спортски тела. Таа следи по сличната одлука на Националната студентска атлетска асоцијација од почетокот на годината.

Во политиката, промената се наведува индиректно, како ставка во „Политика за безбедност на спортистите“, со референца на извршната наредба на Трамп, насловена: „Да ги држиме мажите надвор од женските спортови“, потпишана во февруари. Со таа наредба, меѓу другото, се заканува дека ќе се укинат сите федерални средства за организациите кои дозволуваат трансродови спортисти да се натпреваруваат во женска конкуренција.

- Advertisement -
Ad image

Олимписките претставници на САД им кажале на националните федерации дека ќе мора да ја следат истата политика, нагласувајќи дека „УСОПК водел серија почитувани и конструктивни разговори со федерални претставници“ откако наредбата е потпишана.

„Како организација формирана со федерална повелба, имаме обврска да се усогласиме со федералните очекувања. Нашата ревидирана политика ја истакнува важноста на фер и на безбедна натпреварувачка средина за жените. Сите национални спортски федерации се должни да ги ажурираат своите политики соодветно“,  напишаа извршната директорка Сара Хиршланд и претседателот Џин Сајкс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation