Владата донесе две одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство, согласно последните измени на Законот за стокови резерви.
На вчерашната владина седница донесена е одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв. Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.набавка на 2.400 тони оризова арпа од реколта 2024 по цена од 37 денари без пресметан ддв. Набавката ќе се врши од сите регистрирани производители и количината која ќе се откупи од секој регистриран производител поединечно ќе биде минимум 3 до максимум 20 тони.
Од Владата велат дека со овој потег го штитат домашното производство.
– Оваа година имаме зголемени површини под пченица, од кои очекуваме просекот да биде многу поголем од претходни години. Согласно евиденцијата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа година жетвата ќе се изврши на 70.000 хектари што би значело дека се очекува да ги задоволиме потребите од нашето производство – се наведува во соопштението од Владата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
