Background

Владата обезбеди 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Владата обезбеди 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Партијата истакнува дека владата, која е предводена од ВМРО-ДПМНЕ „е посветена на тоа општините да станат пофункционални, поефикасни во испораката на услуги и поблиску до граѓаните“.

Во соопштението се дадени и дел од проектите и се нагласува дека се работи за „видливи, суштински и инфраструктурни протекти“.

„Преку двата повици од инструментот за капитални инвестиции со поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините. Во првиот повик беа финансирани 288 проекти, а преку вториот повик се потпишаа договори за 828 проекти со вкупна вредност од 225 милиони.

- Advertisement -
Ad image

Владата инвестира во видливи, суштински проекти што ја менуваат реалноста на локално ниво. Дел од проектите се следните:

Реализирани се 129 проекти за рамномерен регионален развој на Македонија;

Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата „Св.Еразмо” во вредност 4.325.668 денари;

Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР” во вредност 29.556.254 денари;

Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија- Охрид, набавка на опрема и дигитализација во вредност 24.370.953 денари;

Заштита и превенција од пожари во микрорегионот, Општини Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце „FIRESHIELD”во вредност 21.644.000 денари;

Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово-4та ламела, Општина Берово” – вредност 22.278.213 денари;

Подобрување на здравствените услуги и создавање на услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и пост-ковид пациенти во Пелагониски плански регион во вредност 27.275.658 денари;

Паметни решенија Велес „Продолжуваме” во износ од 46.215.459 денари;

24.885.000 денари за „Паметно ЛЕД осветлување” во Полошкиот плански регион;

Одобрен стратешки проект за изградба на граничниот премин Клепало (Берово–Струмјани) во вкупна вредност од 11.127.682;

Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово, во износ од 37.887.429 денари;

Проект „Чист Аеродром” – Нула цврст отпад во Општина Аеродром, во износ од 37.182.273 денари.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции во секој дел од државата со цел модерни локални самоуправи кои ќе бидат сервис за граѓаните. Ги градиме темелите на промените.  Доаѓа времето на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation