Кристијано Роналдо неодамна го продолжи договорот со Ал Наср и сè повеќе презема улога во клубот, освен онаа на играч на теренот.
Неговиот збор има тежина во сите сегменти на клубот, а сега одлучи да се вклучи во трансфер политиката.
Португалската суперѕвезда верува дека управата на Ал Наср треба да го донесе Луис Дијаз од Ливерпул.
Колумбискиот напаѓач е многу баран на пазарот, па Ливерпул постави цена од дури 100 милиони евра за него.
Баерн од Минхен, исто така, покажа сериозен интерес за Колумбиецот, кој ќе биде голем конкурент на саудискиот клуб.
Ал Наср има значителни средства, па дури и 100 милиони евра не би требало да бидат проблем, но останува прашањето дали Дијаз е заинтересиран да оди во Саудиска Арабија во овој момент.