Background

Екс-шефот на САД фабрикувал факти за изборите во 2016 година?

Американскиот претседател Доналд Трамп објави монтирана видео-снимка направена со вештачка интелигенција на која се гледа како агенти на ФБИ го апсат поранешниот американски претседател Барак Обама во Овалната соба, додека Трамп задоволно се смее.

Објавата на снимката доаѓа во време кога поранешната директорка на Националната разузнавачка служба на САД, Тулси Габард, најави кривична пријава против Обама, истакнувајќи дека располага со докази дека администрацијата на Обама во 2016 година фабрикувала докази за руско мешање на изборите на кои победи Трамп.

– Имаме докази за кривично гонење на одговорните – изјави Габард за телевизијата „Фокс њуз“, најавувајќи дека следната недела ќе бидат објавени нови документи поврзани со наводна координација за преувеличување на руската вмешаност во тогашната претседателска трка.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Некои американски медиуми како Индепендент и Дејли Бист коментираа дека Трамп се обидува да го сврти вниманието на јавноста од скандалот поврзан со бизнисменот и педофил Џефри Епштајн. Јавноста во САД, вклучително и дел од поддржувачите на Трамп и пратеници од Републиканците побараа објавување на дополнителни докуметтни шпекулациите дека Трамп е вмешан.

„Министерството за правда и ФБИ демантираат дека постои некаков таен список со клиенти на Епштајн кој би ги инкриминирал Трамп или други политичари“, соопштија официјално институциите.

Во меѓувреме, снимката која ја објави Трамп со Обама веќе наголемо се споделува на социјалните мрежи. На снимката е прикажано и како Обама во портокалова затворска облека држи натпис „Никој не е над законот“.

Трамп го освои својот прв претседателски мандат против Хилари Клинтон на изборите во 2016 година. Истата година започнала истрага на ФИ за наводните врски на штабот на Трамп со Русија. Подоцна, случајот како независна истрага го водеше специјалниот обвинител Џон Дарем.

Според најновата изјава на Тулси Габард, со јавноста во САД наскоро ќе добие појасна слика за улогата на тогашната влада на Обама во иницирањето на истрагата за Трамп.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation