Аеродромот во Лондон Саутенд ќе биде затворен до понатамошно известување откако се урна авион на холандската компанија Zeush Aviation, објавија денес британските медиуми.
Локалната полиција соопшти дека околу 16 часот била известена за 12-метарски авион кој гори на локација во Саутенд-он-Си, а според очевидци, несреќата изгледала како пад на „огнена топка“, објавува BBC.
Холандската авиокомпанија Zeush Aviation потврди дека нејзиниот лет SUZ1 бил „вклучен во несреќата“ на аеродромот во Лондон Саутенд, дека активно ги поддржува британските власти во истрагата и дека нејзините мисли се со „сите засегнати“.
Авионот летал од Атина до Пула, од каде што летал за Саутенд, со планирано враќање на аеродромот Лелистад навечер. Засега нема информации за бројот на жртви.
Tagged as:
Авион на холандската авиокомпанија се урна на аеродромот во Лондон
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
