Background

Армиски хеликоптер истури 45 тони вода во село Николиќ

Осум пожари се активни во Македонија до 18:30 часот, под контрола е еден, додека изгаснати се 12 жаришта, информираше Центарот за управување со кризи во објава на официјалниот Фејсбук профил.

Активните 8 пожари се во дојранското село Николиќ, селата Џидимирци и Крушје во Велешко, селото Ласки кај Виница, селото Локвица во Македонски Брод, пожарот во Чучер Сандево, отпад кој гори на отворено во општина Шуто Оризари, пченица која гори во гостиварско Чегране и пожарот над селото Усмин Дол кај Куманово.

Претходно директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов истакна дека најгорливи се три пожари, во Николиќ, кај велешко Крушје и кај Локвица во Македонски Брод.

Фото: ДЗС
- Advertisement -
Ad image

– Пожарот во село Николиќ се одвива подолго од една недела. Рано наутро со дејство почнаа екипи на „Национални шуми“, со поддршка на локални пожарникари од Валандово и Гевгелија, со поддршка од доброволното противпожарно друштво од Дојран. Нив им помагаат и ДЗС, Единица за брзо распоредување (ЕБР) со поддршка од пожарникари од Кавадарци, кои се наѓаат на водени топови на овие возила. Утрово како поддршка на лицата кои гаснат од земја го пуштивме едниот ер-трактор од типот „амфибија“ на ДЗС, кој има носивост од три тона вода. Полни вода од Дојранското Езеро и на тој начин е значително зголемена неговата ефикасност. Во кратки временски интервали прецизно фрла вода онаму каде таа е најпотребна – изјави Ангелов.

Тој додаде дека од неодамна како поддршка на ер-тракторот и на силите од земја се приклучил и еден голем армсики хеликопер со ведро од три тона.

Армискиот хеликоптер Ми-8МТ од Хеликоптерскиот сквадрон на воздухопловниот ВИНГ учествуваше во акцијата за гасење на шумскиот пожар во село Николиќ, Општина Дојран, информираат од АРМ.

Со испуштање на 45 тони вода (18 ведра) на најкритичните жаришта, операцијата започна околу 13:00 часот и траеше 3 часа и 10 минути.

До 18:30 часот под контрола е ставен пожарот во Македонски Брод меѓу селата Црешнево, Слатина и Девич. Целосно се изгаснати следните жаришта: пожарот во близина на село Горнањи, кој е друг крак од пожарот кој е активен во Чучер Сандево, изгаснае е пожарот во близина на стадионот на Гостивар, пожарот во ресенско Перово, пожар во кругот на фабриката на ФЗЦ во Куманово, пожар во Пармакови ниви исто така во Кумановско, пожар кај село Пелинце во Старо Нагоричане, пожар кај Ѓошинска мала кај Крива Паланка, пожарот во депонијата кај село Милутинци, исто така во Старо Нагоричане, пожарот во охридско Оровник и во населба Далјан во градот, каде што гореле вегетација и ѓубре, пожарот кај хотел „Салида“ на патот од Прилеп кон Битола и пожарот меѓу прилепско Лажани и Ропотово.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation