Албанската полиција во рамки на акцијата „Операција 54“, уаспила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Австрија, каде за сторени тешки кривични дела

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанската полиција во рамки на акцијата „Операција 54“, уаспила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од Австрија, каде за сторени тешки кривични дела.

„Дирекцијата на силите за специјални операции успешно финализираше уште една акција за апсење на меѓународно барани лица. Уапсен е М.А.(41) роден и со живеалиште во Скопје, Северна Македонија, кој се бара со меѓународна потерница издадена од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, Австрија. Тој се бара за сторени тешки кривични дела како што се: ‘Трговија со дрога’, ‘Опасна закана’, ‘Тешка изнуда’ и ‘Повреда’. За вакви дела со австрискиот Кривичен законик, предвидена е максималната казна до 20 години затвор“, сe вели во полициското соопштение.

Според истиот извор во Тирана, органите на редот го лоцирале и уапсија М.А. При физичкиот претрес, пронајдена и запленета е марихуана, која е искористена како материјален доказ во истрагата.

Интерпол Тирана ги продолжува законските процедури за екстрадиција на лицето, во соработка со австриските власти.

На 6 јули на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, при влез на албанска територија уапсен беше е А.А (34) жител на Кичево бран со меѓународна потерница, издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.

Share This Article