Од 27 мај, речиси 800 луѓе загинаа во Газа обидувајќи се да дојдат до помош, огромното мнозинство на локациите на Хуманитарната фондација за Газа (GHF), поддржана од САД и Израел, соопштија денес Обединетите нации.
Портпаролката на Високиот комесар на ОН за човекови права изјави во Женева дека од 27 мај, кога започнаа операциите на GHF, до 7 јули, регистрирани се 798 смртни случаи, од кои 615 биле на локациите на таа хуманитарна фондација.
GHF, која има за цел да ги заобиколи ОН, дистрибуира помош на четири локации опкружени со израелски војници. ОН и хуманитарните групи го отфрлија системот на GHF, велејќи дека му дозволува на Израел да користи храна како оружје, ги крши хуманитарните принципи и е неефикасен. Израел тврди дека Хамас ја злоупотребил помошта што ја обезбедува ОН, што ОН го негира.