Background

БРИТАНЦИТЕ НАСКОРО ЌЕ ДОЗНААТ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ВОЈНА

Шефот на британската армија во обраќање пред војниците најави дека политичките лидери на Велика Британија наскоро ќе започнат отворен разговор со граѓаните за потребата од подготовка за војна.

Началникот на  генералштабот, генералот Сер Роли Вокер рече дека од секој граѓанин ќе биде побарано да направи одредени жртви и да учествува во одбраната на земјата.

За време на посетата на воената база Катерик Гарисон во Северен Јоркшир генералот Вокер им се обрати на војниците многу директно, објави Скај њус.

- Advertisement -
Ad image

Неговите изјави беа снимени од страна на Британската радиодифузна служба на силите (BFBS).

– Можеби не сте го сфатиле тоа, но на нашата земја ќе ѝ биде потребна вашата помош. Имаше време кога нашата земја не сакаше ни да помисли на можноста нејзините војници да мора да учествуваат во војна –  им рече началникот на Генералштабот на група од околу 700 војници.

Навистина, многу наскоро политичките лидери на оваа земја ќе почнат отворен разговор со граѓаните за тоа што се случува и каде лежат ризиците, додаде генералот.

– Тие ќе се обидат да им објаснат на граѓаните дека мора да се согласат на жртвување, за да дадат приоритет на одбраната и безбедноста. Потоа ќе ги замолат оние граѓани, за кои одбраната веројатно не е приоритет, да го преземат својот дел од одговорноста за одбраната и безбедноста на оваа земја. Тие мора да разберат што правиме за нив. Тие мора да се согласат да ни дозволат да продолжиме да ја работиме нашата работа. Тоа значи дека и тие ќе мора да направат некои жртви – порача тој.

Британскиот премиер Енди Бернам го презеде ветувањето дадено од неговиот претходник Кир Стармер да почне национална дебата за одбраната. Премиерот, исто така, треба да почне нова кампања за да ги охрабри сите домаќинства да бидат подобро подготвени за низа кризи, од поплави и суши до вооружени конфликти, што е уште еден план што го презеде од претходната влада.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖