Background

Тошковски вели дека МВР бележи историски резултати во сузбивањето криминал

Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, рече министерот Панче Тошковски, денеска при посетата на ГП Табановце-Прешево на кој беше промовиран „One Stop системот“ за побрз проток и помалку чекање на граѓаните.

– Сето она коешто се случуваше во текот на вчерашниот ден е само уште еден доказ дека МВР е силно посветено против нелегалната трговија со дрога. Овие историски резултати коишто се покажуваат во изминатата година навистина се впечатливи и покажавме дека со труд, со работа и посветеност можеме да се спротивставиме на нарко-дилерите во Македонија. Вчерашната акција беше поврзана токму со ова, откриени, се фатени се при оваа полициска акција, добро организирана, подолг временски период, пет килограми амфетамин коишто се поврзани со одредени криминални групи во Македонија. Сега, засега не би можел да изнесам дополнителни детали, се постапува во координација со надлежен јавен обвинител и ќе бидат процесуирани пред судија на претходна постапка, оние коишто се инволвирани во рамки на овој кривично-правен настан – рече Тошковски.

Дополнително, тој посочи дека дрогата била наменета за македонскиот пазар. Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека оваа акција не е поврзана со претходната акција во Струмица.

- Advertisement -
Ad image

– Да, знам дека одредена група на полициски службеници коишто не постапувале, согласно напатствијата коишто ги имаат беа предмет на работа на одделот за внатрешна контрола, како заврши постапката не би можел да споделам во овој момент, може дополнително да се сподели со јавноста, таа информација. Но, знам дека одделот за внатрешна контрола постапуваше – одговараше Тошковски на новинарски прашања.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation