Background

Коцевски размислува да го префрли предметот од ЈО Кочани во ЈО Скопје

Предметот за трегедијата во Кочани со одлука на Врховниот суд беше доставен на оценка до Кривичниот суд во Скопје и Републичкото обвинителство размислува во врска со надлежноста, дали предметот да остане ЈО Кочани или да се делегира на ЈО Скопје, поради постапувањето по евентуалните жалби, рече денеска државиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

– Очекуваме обвинителниот акт да стапи на сила. Судот ќе изврши оценка на истиот, а ние размислуваме дали треба да се делегира друго Јавно обвинителство. Ако нема делегирање во Скопје, проблем ќе биде кој ќе одлучува по жалбите, дали предметот ќе се доставува до Апелациониот суд Скопје, што и така треба, меѓутоа дали мислење ќе дава Вишото ЈО Скопје или Вишото ЈО Штип. На мене, како државен јавен обвинител, останува да одлучам во однос на делегирањето на ЈО – рече Коцевски.

Засега, додаде Коцевски, судот сè уште нема закажано ден за испитување на обвинителниот акт.

- Advertisement -
Ad image

За предметот што го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за вмешаноста на полициските службеници во трагедијата во Кочани, тој кажа дека предметот е сè уште во истрага.

– Тој предмет е во истрага, нема притвор, но има законски рок за истрагата. Така да, се надеваме околу септември ќе заврши истрагата. Тој предмет го води ОЈО ГОКК, а  надлежен ќе биде Кривичниот суд Скопје – рече Коцевски.

Тој рече дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за предметот Онкологија.

Тој ја повтори својата оценка во врска со буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото вчерашно обраќање пред Комисијата за финансирање и буџет на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, дека вештачењата за Онкологија и за случајот за трагедијата во Кочани се ммнигу голем финансиски товар за Обвинителството, бидејќи се работени во друга држава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation