Утрово на граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на граничниот премин Богородица за излез е околу 20 минути, информира АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози. Има зголемен интензитет на сообраќајот на на патните правци надвор од градските средини.