Mожноста да ни се случуваат фантом фирми коишто ќе добиваат поврат на ДДВ и преку ноќ ќе бидат отуѓувани на фантом луѓе повеќе ќе биде тешко или речиси невозможно, изјави премиерот Хистијан Мицкоски денеска во УЈП, каде што беше најавен почетокот на примената на е- фактра од 1 јули.
-Генерално можеби да сумирам дека оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од граѓаните, ако добро се применува и се работи во што немам сомневање – рече Мицкоски.
Тој појасни и зошто досега не се воспоставил овој систем.
-После долго време, јас имам некоја меморија, дека таму некаде 2015 година се започна овој процес, за нас од нејасни причини зошто тој беше континуирано, како да кажам беше одложуван, но сфативме после некои процеси коишто овој изминат период ги откривме и отвориме зошто бил одложуван. Еве конечно денес после повеќе од 10 години добива почеток и од она што го добивме на брифингот пред оваа прес-конференција е дека првиот кик оф, значи почнувањето со софтвер компанијата за имплементација ќе почнат 1 јули – рече Мицкоски.