Ќе ја забрзаме реализацијата на проектот за изградба на интерконектор за природен гас помеѓу Македонија и Србија, најавија диркторите на НОМАГАС Србијагас Мухамед Елмази и Душан Бајатовиќ.
Тие во Белград вчера потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува заложбата за изградба на интерконекторот.
Интерконекторот ќе ги поврзе системите за пренос на природен гас на двете земји преку гасовод со должина од околу 70 километри – 47 километри на територија на Србија и 23 километри на територија на Македонија.
Поврзувањето ќе се реализира од градовите Клечовце до Врање (Србија), при што во рамки на проектот се предвидува изградба на главна мерна станица на македонска територија и контролна мерна станица на српска страна.
Во тек е изработка на Студија за изводливост и проценка на влијанието врз животната средина, поддржано од Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkan Investment Fond/ WBIF).
„ Овој стратешки проект, од особено значење за двете држави, ќе придонесе за зајакнување на енергетската безбедност во регионот, унапредување на енергетската транзиција и диверзификација на правците на снабдување, поефикасно балансирање на понудата и побарувачката на природен гас, како и интеграција на регионалните гасни пазари“, објави Елмази на Фејсбук.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖