Background

Почина Кларк Олофсон на 78-годишна возраст – познат како еден од двајцата харизматични криминалци, вклучени во држењето заложници во банката Кредитбанкен во Стокхолм, што го покрена поимот „Стокхолмски синдром“

Почина Кларк Олофсон на 78-годишна возраст – познат како еден од двајцата харизматични криминалци, вклучени во држењето заложници во банката Кредитбанкен во Стокхолм, што го покрена поимот „Стокхолмски синдром“.

Тој починал по долго боледување, изјави неговото семејство за интернет-страницата „Дагенс ЕТЦ“ (Dagens ETC).

Олофсон стана меѓународно познат во 1973 година, по упадот во шведската банка, проследен со заложничка криза. За време на шестдневната опсада, заложниците на Олофсон почнале да сочувствуваат со него и со неговиот соучесник Јан-Ерик Олсон, бранејќи ги нивните постапки, додека станувале сè понепријателски настроени кон полицијата.

- Advertisement -
Ad image

Олофсон, според своите кажувања, дејствувал со цел да ги заштити заложниците и за тоа „имал тивка согласност“ од полицијата. Тој е прогласен невин за тој упад, но бил вратен в затвор за да го отслужи остатокот од претходната казна.

Олсон добил 10 години казна затвор.

Настанот во Стокхолм ѝ го даде името на теоретската психолошка состојба „Стокхолмски синдром“ во којашто жртвата на киднапирање или заложништво развива наклонетост кон своите киднапери.

Олофсон е повеќекратен престапник и поголемиот дел од својот живот го минал в затвор. Последен пат е ослободен во 2018 година, откако отслужил казна во Белгија за прекршоци поврзани со дрога.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation