Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај – се забранува движењето на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и во деновите со екстремно високи температури

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај – се забранува движењето на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и во деновите со екстремно високи температури, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат дека овие забрани ги воведеа Министерство за транспорт во 2011 и во 2012 година, првично важеа за релацијата Скопје-Охрид и обратно, а потоа и за сите останати патишта.

Забрането е да се возат тешките камиони во следните термини: во петок од 17 до 22 часот, во
сабота од 9 до 18 часот и во недела од 9 до 22 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во периодот од 11 до 17 часот.

„Ограничувањето не се однесува на возилата што превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, лесно расиплива стока, нафта и нафтени деривати, опасни материјали, како и за возилата што вршат превоз за компаниите кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со Јавното претпријатие за државни патишта“, се вели во соопштението на АМСМ.

На магистралниот пат А2, на делницата Скопје-Охрид-Скопје до 1 септември е забрането движењето на тешките товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони, за време на викендите. Забраната за оваа делница важи за деновите петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 часот  и од 18 часот до полноќ, како и во недела од 7 до 22 часот.

„Овој посебен режим на сообраќајот се воведува во текот на летото, со цел да се избегне застојот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, да се намалат застоите на патарините и воопшто, за да се обезбеди побрз проток на возилата и непречено движење на туристите“, соопшти АМСМ.

Ограничувањето не се однесува на возилата кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и лесно расиплива стока.

Share This Article