Во Јaпонија е егзекутиран човек кој убил девет лица во 2017 година, што е првото погубување во земјата од 2022 година. Серискиот убиец Такахиро Шираиши, тогаш 30-годишен, жртвивте ги пронаоѓал на Твитер.
Жртвите биле претежно млади жени, на возраст меѓу 15 и 26 години, кои тој ги намамил во својот стан во градот Зами, недалеку од Токио, ветувајќи им дека ќе им помогне да умрат, а во некои случаи тврдејќи дека ќе изврши самоубиство заедно со нив, но ги задавувал и ги распарчувал нивните тела.
Полицијата во неговиот стан пронашла остатоците од 9 лица кога во 2017 година го откри злосторствата барајќи исчезнато девојче. Останките од девет лица биле пронајдени во фрижидери и кутии за алати, поради што јапонските медиуми го нарекоа станот „куќа на ужасите“.
На профилот на Шираиши на Твитер стоеше пораката: „Сакам да им помогнам на луѓето кои навистина страдаат. Ве молам пишете ми во инбокс во секое време.“
Тој призна дека убил 9 лица кои размислувале за самоубиство. Обвинителите побараа смртна казна, додека неговите адвокати тврдеа дека станува збор за „убиство со согласност“, наведувајќи дека жртвите се согласиле да бидат убиени и побараа проценка на неговата ментална состојба.
Но, самиот Шираиши ги оспори тврдењата на својата одбрана и изјави дека убил без согласност на жртвите. Стотици луѓе се собраа на изрекувањето на пресудата во декември 2020 година. Тој беше осуден на смрт.
Убиствата предизвикаа промени во правилата за користење на Твитер, кои последователно наведоа дека корисниците не смеат да „промовираат или охрабруваат самоубиство или самоповредување“.