Нема потврда дека Американците ја уништија постројката Фордо

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иран го преместил на непозната локација поголемиот дел од збогатениот ураниум кој му е потребен за да произведува оружје, пред американскиот напад во неделата, 22 јуни, изјави висок ирански извор за Ен-Би-Си-Њуз.

– Таму каде што се обидовме да ја запреме програмата, можеби всушност ја забрзавме – изјави за Ен-Би-Си Њуз американскиот сенатор Марк Кели, демократски член на Комитетот за разузнавање.

Веста ја пренесе и Ројтерс.

„Висок ирански извор за Ројтерс во неделата изјави дека поголемиот дел од високо збогатениот ураниум во Фордоу, локацијата каде што се произведува најголемиот дел од иранскиот ураниум рафиниран до 60%, бил преместен на непозната локација пред американскиот напад таму“.

Снимките од „Максар Технолоџис“ покажуваат „невообичаена активност“ во нуклеарната постројка Фордо во четвртокот и петокот, вклучувајќи долга редица возила пред влезот на објектот.

Експертите предупредуваат дека засега нема потврда дека американските напади врз клучниот ирански нуклеарен погон Фордо предизвикале сериозна штета.

– Салата што содржи стотици центрифуги е закопана премногу длабоко за степенот на уништување да се процени од слики од орбитата – рече Декер Евелет, истражувач од CNA Corporation специјализиран за сателитски снимки.

 

 

- Advertisement -
Ad image

 

 

Влезовите во подземните тунели во иранскиот нуклеарен комплекс Исфахан беа погодени за време на американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

- Advertisement -
Ad image

„Утврдивме дека влезовите во подземните тунели биле делумно оштетени за време на нападот“, се наведува во соопштението на МААЕ, цитирано од британските медиуми.

Во соопштението на Агенцијата се додава дека во пресрет на нападот на Израел врз Иран на 13 јуни, поголемиот дел од збогатениот ураниум на Иран бил складиран во Исфахан.

МААЕ претходно објави дека нема зголемување на нивото на зрачење околу нуклеарните постројки во Иран.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, за денеска свика вонреден состанок на Одборот на директори на МААЕ поради итната ситуација во Иран по последните напади.

Share This Article