Background

УТВРДЕНИ ПРЕКРШОЦИ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРЕБЕГАНАТА МИХАИЛОВА Клековски најави стручна комисија за испитување на случајот

Стручна комисија ќе го испитува медицинскиот аспект на лекувањето на Ива Михаилова, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) констатирал прекршоци при постапувањето на Клиниката за неврологија.

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска соопшти дека побарал и проширување на инспекцискиот надзор за да бидат опфатени сите здравствени услуги што пациентката ги користела во текот на 2025 и 2026 година.

Случајот се однесува на пребеганата Ива Михаилова која моментално се наоѓа во Бугарија. Нејзиното лекување во здравствените установи во Македонија стана предмет на инспекциски проверки.

- Advertisement -
Ad image

Клековски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на 100 нови амбулантни возила, објасни дека првичниот надзор бил спроведен по иницијатива на Клиниката за неврологија, но дека извештајот не ја опфатил целосната историја на лекувањето на Михаилова.

– Во основа барав дополнување на извештајот на ДСЗИ, кој беше по иницијатива на Клиниката за неврологија, бидејќи не е следена целата патека и здравствени постапки кои Ива ги имала во здравствените установи во Македонија. Дополнително побарав надзорот да се прошири на една приватна здравствена установа каде што е третирана во меѓупериодот за да добиеме комплетна препорака. Веќе во оваа фаза има констатирани прекршоци и веќе во оваа фаза е побарано стручен надзор за медицинскиот дел од извештајот – изјави Клековски.

Со проширувањето на контролата, инспекторите треба да ја проследат целата патека на пациентката низ здравствениот систем, наместо да се ограничат само на постапувањето на Клиниката за неврологија.

Дополнителниот стручен надзор ќе се однесува на медицинскиот аспект на лекувањето.

Министерот се осврна и на вчерашната средба со неговата бугарска колешка во Софија, каде што разговарале за повредените во трагедијата во Кочани. Тој посочи дека случајот со Михаилова не бил тема на разговорите, бидејќи двете страни го третираат како прашање од надлежност на правосудните органи.

– Во основа постигнавме премолчена согласност дека прашањето на Ива не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата, бидејќи особата е бегалец од правдата барана со меѓународна потерница. Како што е тоа прашање на правдата, а не здравствено прашање, не го разговаравме – рече Клековски.

На истиот настан, премиерот Христијан Мицкоски беше прашан и за навредливата изјава на бугарскиот министер за внатрешни работи. Тој одби да ја коментира, оценувајќи дека станува збор за политички настап поврзан со претседателските избори во Бугарија.

– Видете, имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието. Мислам дека ваков тип на естрада којашто денеска ја гледаме таму, а којашто е поврзана со фолклорот за нивните претседателски избори, не заслужува коментар и мислам дека треба да ги игнорирате и вие како медиуми ваквите изјави на поединци – изјави Мицкоски.

Во врска со повредените од Кочани, Клековски најави дека Министерството за здравство и работната група имаат подготвено планови што наскоро ќе бидат објавени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖