Гужвите на граничните премини стануваат сè почести во летниот период. За влез во Македонија од страната на Србија, на преминот Прешево-Табановце, се чека до 40 минути, се жалат српските граѓани на групата ГрчкаИнфо на Фејсбук.
„Луѓето се снаоѓаат, а вие им помагате бидејќи ги пуштате да влезат во редот“, гласи еден од коментарите.
Тоа може да се види и од камерите на српскиот Автомотосојуз.
Дел од автомобилите кои доаѓаат од Србија се насочени кон Грција каде голем дел српски туристи одат на летен одмор.
