Сопственикот на М-6 и најголем акционер во АД Охридтурист Светозар ЈАнески, дрско сакаше да ја излаже македонската и меѓународната јавност во својот демант испратен до редакцијата Охридскај. Редакцијата Охридскај само во мал сегмент ја објави вистината за криминалните игри на М-6 и за тоа како сакаат да го уништат севкупниот имот на АД Охридтурист, а при тоа парите од продажбите да ги испумпаат во другите компании во сопственост на М-6.
Како полномошник на акционер во АД Охридтурист се појавив и на вонредното собрание. На собранието дневниот ред содржеше две клучни точки:
Државниот правобранител се произнесе по однос на двете точки, изнесувајќи го ставот на Министерството за финансии, дека и по двете точки НЕ ДАВАТ СОГЛАСНОСТ.
Како претставник на акционерот, со уредно полномошно заверено на нотар, и на самото собрание, а подоцна и со поднесок до АД Охридтурист, побарав да ми биде доставен записник од одржаното собрание на акционери.
Од страна на АД Охридтурист, ваквото барање е одбиено, со образложение од одредби од член 305, ст.5, и дека никаде не пишувало во ниту една одредба обврска да се достави записник на акционер,т.е никаде не стоело дека треба да му се даде записник?!
Кој е луд, а кој збунет? Дали М-6 преку извршната директорка на Охридтурист глуми лудило со цел да ги сокрие криминалите, или пак за друго барање на акционер за достава на препис од документација, се повикуваат на член 320 ст.2, ама повторно избегнуваат да дадат одговори и барани документи? За да избегнат срам пред јавноста, го упатуваат акционерот во судска постапка да ги добие бараните препис документи!
Но вистината е како шило – така и сите криминали на М-6 излегуваат на виделина.
Доволно е само да се прочита записникот од одржаното акционерско собрание, за да стане јасно како М-6 се дрзнува да манипулира со имотот на АД Охридтурист.
Седницата на Собранието ја отвори Бети Недева како полномошник за М-6 ДОО Скопје како претседавач на претходното Собрание. За претседавач на Собранието беа предложени двајца кандидати: акционерот М-6 претставуван од Бети Недева, и акционерот Џемал Рахман.
Резултатите од гласањето:
Се констатира дека за претседавач на Собранието е избрана Бети Недева како полномошник на М-6.
За бројачи на гласови имаше два предлога:
Резултати:
На Собранието се присутни 7 акционери со вкупно 138.969 акции односно гласови што претставува 80,66% од вкупниот број на акции со право на гласање – постоеше кворум за работа.
Присутни беа:
Дневниот ред содржеше:
Мартин Мијовски, полномошник за Драгана Јаневска, Јане Јаневски и Кирило Јаневски, истакна дека во моментот се води една неморална кампања и во име на неговите властодавци истакна дека не е време за одлучување по предложените точки од дневниот ред.
Истакна дека планира да гласа против сите предложени точки на денешното Собрание од причина што ниту една од точките на дневен ред не е итна (а се бараше итност и затоа се свика вондредно собрание)
Томе Трповски, државниот правобранител за подрачјето на Охрид како претставник на државата, истакна дека и покрај тоа што нема овластување за учество од страна на Министерство за Финасии како акционер, сакал накратко да го изрази својот став како претставник на државата.
Неговата позиција:
Адвокат Аце Ѓоршевски, полномошник за акционерот “Екстра Скопско ДООЕЛ”, даде најдетална анализа на криминалните активности:
Тој укажа дека на пет последователни Собранија од страна на М-6 како мнозински акционер се предлага продажба на недвижен имот, а не се кажува зошто се предлага продажба, кој е мотивот и целта.
Се обрати до генералниот директор Оливера Ставрова и запраша зошто новиот состав на Одборот на директори на првата своја седница без одржување состанок утврдил потреба да се донесе одлуката за продажба на Хотел Десарет.
Одлуката е потпишана од новиот претседател на Одборот Искра Клинкарова и од извршниот директор Оливера Ставрова, а потоа таа одлука е доставена до останатите членови на Одборот да ја потпишат.
Адвокат Ѓоршевски укажа дека за претходната одлука за продажба на хотелот е поднесена тужба и донесена е времена мерка со забрана за продажба.
При тоа на сите присутни и претставени акционери и на нотарот им достави по еден примерок во копија од судската одлука за издадена времена мерка со забрана за продажба на Хотелот Десарет.
На претходните Собранија поставувал прашање до каде е постапката за реконструкција на Хотел Палас, за кое се исплатени 200.000 евра на име документација, а од 2017 година од кога е издадено одобрението случајот нема епилог.
Беше кажано дека одговорот ќе биде објавен на веб страната на друштвото, но истото не е направено.
Во процедурата за статусни промени, ЕКСТРА-СКОПСКО кажале дека во проценката на недвижниот имот не е опфатен целиот имот на друштвото, погрешно е применета методологија за проценка на недвижен имот, истиот имот е потценет за 11 милиони евра.
Тоа нешто го утврдил и судот во одлуката која е доставена до акционерите.
Акционерот Џемал Рахман истакна дека скоро цел живот го поминал во Хотелот Палас и дека знаејќи го капацитетот на Хотел Палас бара позитивна разрешница, зошто го боли хотелот така да пропаѓа.
Напомена дека не е во ред да има судски спорови и фирмата да трпи штета.
Сашо Денесовски во својство на полномошник за акционерот Здравко Ѓоргиевски истакна дека во предложените точки не глед разум, кажувајќи дека влеговме со лавиринт меѓу М-6 и Екстра Скопско ДООЕЛ.
Побара да ги извести надлежните дека бара примерок од договорот склучен помеѓу М-6 и Екстра Скопско ДООЕЛ во 2009 за реконструкција на Хотел Палас како и целокупната документација.
За прашањето за продажба на Хотел Десарет истакна дека не е јасна една работа – има две вештачења за вредноста на имот на Хотел Десарет, а едно со друго е контрадикторно.
Изјави дека се губат тешки милиони годишен профит, за М-6 да си ги мере силите, а на терет на акционерите и на терет на економската логика.
Откако повеќето од присутните ги искажаа своите ставови во однос на предложените точки на дневниот ред, како и законската оправданост на истите, претседавачот предложи да се гласа за усвојување на дневниот ред.
По спроведеното гласање од страна на присутните акционери се утврди дека:
Претседавачот констатира дека предложениот дневен ред за работа на денешното Собрание НЕ Е УСВОЕН и ја заклучи седницата на Собранието на акционери во 13:00 часот.
Вистината е како шило – сите криминали на М-6 излегуваат на виделина. Записникот од акционерското собрание е јасен доказ за:
Неуспехот на ова собрание е победа на правдата и знак дека акционерите не ќе дозволат понатамошно уништување на АД Охридтурист.
Време е надлежните органи да реагираат и да ги санкционираат овие очигледни злоупотреби пред да биде премногу доцна за спасување на оваа важна македонска компанија,Светозар јаневски и М6 не можат да бидат над државата,време е за Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.
ПРОДОЛЖУВА
Сашо Денесовски
Прилог:Целосен записник од Акциоенсрко Собрание на АД „ОхридТурист“Охрид:


ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖