Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (44) го „запали“ интернетот со жешки фотографии во смел костим за капење кој ја истакна нејзината витка фигура.
Познатата манекенка повторно покажа зошто се смета за една од најубавите жени во светот. На најновите фотографии за еден бренд, таа се соблече и во костим за капење кој совршено ја истакнува нејзината витка фигура и препознатливата манекенска елеганција.
Комбинацијата од класичен крој и модерни детали се покажа како хит. Алесандра носела шарено бикини кое совршено ѝ прилега на нејзиното затегнато тело, додека минималистички додатоци како очила за сонце и марама околу главата го надополнуваат летниот изглед.
Амброзио е позната по својот здрав начин на живот и дисциплина кога станува збор за исхрана и тренинг, што е јасно видливо на нејзината фигура. Иако се повлече од модната писта пред неколку години, Алесандра сè уште активно учествува во модни кампањи и често споделува инспирација со своите следбеници на социјалните мрежи.
Нејзината самодоверба, природна убавина и стил продолжуваат да бидат синоним за гламур, без разлика дали е на модната писта или ужива на плажа.