Background

Ќе има поголема продуктивност и помалку отсуства од работа

Левица предлага намалување на работниот ден на 6 часа без намалување на платите. Ова е поради тоа што власта не сака да ги зголеми платите. Нашиот предлог е конципиран со внимание, да нема буџетски трошоци. Нема наметнато вештачко темпо и сметаме дека доаѓа природно во ова време, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот од Левица Амар Мециновиќ.

Осумчасовниот работен ден, како што рече, е остаток од индустриското време и е стандард за полно работно време кое не одговара на овој свет.

– Овој свет кој денес го живееме има зголемена продуктивност, благодарение на технологијата. Обврските на работникот се автоматизираат, дигитализираат и напредуваат на начин што тој веќе не е инволвиран како што бил инволвиран во индустриското време – рече Мециновиќ во Собранието.

- Advertisement -
Ad image

Тој посочи дека технологијата напредува, а работниот ден на работниците е исполнет со анксиозност, хроничен замор, исцрпеност и немаат, како што рече, вистински простор за одмор и грижа за семејството.

Предлогот на Левица доаѓа по анализа и посочи дека веќе Исланд, Јапонија, Велика Британија, Шведска, Франција, Германија и други имаат воведено помало работно време или експериментираат со модели за помало работно време. Во  регионот, во мај годинава властите на Црна Гора го намалија работното време.

– Сите анализи покажуваат дека резултатите се јасни. Подобра продуктивност, помало отсуство од работа, подобро ментално здравје и зголемена лојалност кон работните обврски на работниците. Ниедна од овие земји не претрпе економски удар, туку напротив многу фирми пријавија раст – рече Мециновиќ.

Тој, како што рече,  очекува поддршка од партиите за нивниот предлог и апелира да се вклучат синдикатите, здруженијата на работниците, здруженијата кои се занимаваат со работничките права и очекува поддршка од партиите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation