Долгоочекуваното судење на музичкиот могул Шон Диди Комбс започна пред неколку дена откако беше уапсен во септември минатата година.
Тој е обвинет за сексуално насилство, рекетирање и водење синџир за проституција. Сега против него пристигна уште една тужба.
Имено, уште една жена го обвини раперот за силување. Таа во тужбата навела дека го молела да престане, но дека тој не реагирал на тоа. Откакао ја силувал, „тој лежел мирно, гол на креветот”, додека таа престрашена се обидувала да избега. Пред вратата ја дочекал телохранител и ја упатил кон излезот, пишува „Њујорк пост”.
Во тужбата се наведува дека таа го запознала во јануари 2011 година, како и дека се среќавале во неговото музичко студио, ноќни клубови и ресторан. Откако ја силувал, неговите работници ги одвезле неа и нејзината пријателка дома, според тужбата поднесена од девојката, која сакала да остане анонимна.
И како што е напишано во судските документи, жената што го тужеше Диди отишла на психотерапија по силувањето.
Адвокатите на раперот сè уште не дале коментар за тужбата.
На судењето против раперот беа откриени крајно вознемирувачки детали, а беше емитувана и хотелска снимка од 2016 година во Лос Анџелес, на која се гледа како раперот ја тепа Касандра Каси Вентура, со која во тоа време беше во врска.