Background

Основачот и извршен директор на NVIDIA, Јенсен Хуанг, признал дека ја изневерил сопругата

Основачот и извршен директор на NVIDIA, Јенсен Хуанг, признал дека ја изневерил сопругата,. Нови детали откриваат дека компанија поврзана со неговата наводна љубовница, осомничена за кинеска шпионажа, купила опрема со чипови на NVIDIA во вредност од најмалку 4,8 милијарди долари.

Хуанг во неделата, на 8 ноември, испратил писмо до вработените во кое признал дека бил неверен и презел одговорност за своите постапки, објави Аксиос.

„Ѝ бев неверен на сопругата. Моите постапки ги повредија неа и нашите деца. Нема оправдување за тоа што го направив. Длабоко жалам“, напишал Хуанг.

- Advertisement -
Ad image

Признанието доаѓа во време кога управниот одбор на технолошкиот гигант започна независна истрага против Хуанг. Се истражува дали кинеското разузнавање се обидело да се приближи до еден од највлијателните луѓе во индустријата за вештачка интелигенција.

 

Што друго кажал Хуанг во писмото до колегите?

„Да се раководи со NVIDIA е привилегија на мојот живот. Моја одговорност е да ви служам и да бидам достоен за вашата доверба. Не ја исполнив таа одговорност. Целосно сум посветен на NVIDIA и ќе работам за повторно да ја заслужам вашата доверба“.

Иако не го споменал името на жената, американските медиуми претходно објавија дека Хуанг бил во романтична врска со кинеската бизнисменка Алис Хуанг, поранешна директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“.

Според „Њујорк тајмс“, американските разузнавачки служби се сомневаат дека таа била ангажирана од кинеското Министерство за државна безбедност за да собира информации за директорот на NVIDIA и да влијае врз неговите ставови за продажбата на напредни американски чипови во Кина.

Дополнително внимание привлекуваат деловните активности на „Мегаспид“, компанијата со која Алис Хуанг била поврзана.

Според трговски податоци на кои се повикува „Њујорк тајмс“, малезиска компанија поврзана со „Мегаспид“ набавила опрема за вештачка интелигенција со чипови и технологија на NVIDIA во вредност од најмалку 4,8 милијарди долари, во периодот од јуни 2024 до февруари 2026 година.

Американските власти претходно ја испитувале „Мегаспид“ поради сомневања дека им помагала на кинески компании да дојдат до напредни чипови чиј извоз во Кина е ограничен.

Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија во текот на 2023 година. Таа и Јенсен Хуанг имаат исто презиме, но не се во роднинска врска.

Разузнавачките сомневања не претставуваат доказ дека Алис Хуанг навистина работела за кинеските служби или дека Јенсен Хуанг свесно откривал доверливи информации.

Според американските медиуми, претседателот на САД, Доналд Трамп, бил запознаен со разузнавачките информации за Алис Хуанг уште пред јавното избивање на скандалот.

Трамп изјавил дека не разговарал со директорот на NVIDIA по објавувањето на обвинувањата, но и понатаму го смета за чесен човек кој направил многу за САД.

Во меѓувреме, американски конгресмени побарале од Хуанг да даде објаснување за неговите контакти со Алис Хуанг и за мерките со кои NVIDIA ги штити чувствителните информации.

Управниот одбор на компанијата формирал независна комисија, со помош на надворешни правни советници, која треба да утврди дали постоела закана за американската национална безбедност или за деловните тајни на NVIDIA.

Компанијата соопштила дека засега нема причина да верува дека доверливи информации биле компромитирани и дека Хуанг ќе продолжи непречено да ја извршува функцијата извршен директор.

Кина ги отфрли обвинувањата за шпионажа. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, ги оцени тврдењата како неосновани обиди за оцрнување на земјата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖