Background

Европската Унија ќе продолжи да го поддржува српскиот народ во неговите европски аспирации, но евентуалното присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на воената парада во Москва на 9 мај ќе има влијае врз ваквата посветеност

Европската Унија ќе продолжи да го поддржува српскиот народ во неговите европски аспирации, но евентуалното присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на воената парада во Москва на 9 мај ќе има влијае врз ваквата посветеност, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.

Изјавата на Мерсие беше одговор на новинарско прашање каква порака му пренела еврокомесарката за проширување Марта Кос на Вучиќ на нивната синоќешна средба во Белград, во врска со најавите за негово присуство на настаните за обележување на 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Москва.

– Таа го повтори она што го порачаа многу други земји членки дека заминувањето во Москва ќе има влијание врз европскиот пат и врз дискусиите за реформите и за следните чекори. Ние бевме сосема јасни кога станува збор за ориентацијата и позициите на Србија во овој контекст – додаде Мерсие.

- Advertisement -
Ad image

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Мерсие нагласи дека Србија аплицираше и преговара за членство во ЕУ и од тој аспект таа треба да биде доверлив партнер на Унијата и да ги почитува нејзините заеднички принципи, вредности, безбедност и просперитет.

– Навистина ни треба потврда од Србија за нејзината стратешка ориентација. Нашата позиција беше навистина јасна од самиот почеток дека односите со Русија не може да се развиваат како сѐ да е нормално – рече Мерсие.

Тој додаде дека во оваа фаза не може да говори за евентуални последици и за следните чекори што би ги презела ЕК поради присуство на парадата во Москва.

Според Мерсие, на средбата со Вучиќ, Кос ги нагласила потребата од напредок во реформите на европскиот пат и потребата од преземање конкретни чекори за да може да бидат отворени преговорите со Србија по Кластерот 3.

– Таа, исто така, потсети на важноста од воспоставување услови за инклузивен дијалог на сите засегнати страни, политички актери, институциите и членовите на граѓанското општество за спроведување на реформите, неопходни за европската иднина на Србија. Тоа ќе го зајакне српското општество и ќе го консолидира патот на Србија кон ЕУ – додаде Мерсие.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation