Во време на брзи трансформации во енергетскиот сектор, ЕДС ја зајакнува својата стратешка улога како дел од PPC Групацијата, водечка енергетска компанија во Југоисточна Европа.
Со неодамнешното именување на Александар Сарџовски за главен извршен директор, ЕДС не само што го засилува своето оперативно работење, туку и ја потврдува својата посветеност на иновации, одржливост и пазарно ориентиран развој.
PPC Групацијата, која покрај во земјава оперира во Грција, Романија, a има присуство и во Бугарија и Романија, е енергетски гигант со инсталиран капацитет од 12,3 GW и годишно производство на електрична енергија од приближно 21 TWh. Со повеќе од 8,8 милиони потрошувачи и регулирана актива вредна 4,9 милијарди евра, регионалното присуство на PPC ѝ обезбедува на ЕДС стабилна основа за раст и трансформација.
– Фактот што сме дел од PPC ни обезбедува стабилност, сигурност во снабдувањето и пристап до експертиза и технологии што ги унапредуваат нашите услуги. Благодарение на тоа, на нашите клиенти можеме да им понудиме најквалитетни решенија со оптимална цена и енергетска ефикасност – изјави Сарџовски.
ЕДС подготви ново портфолио на пакети за снабдување со електрична енергија, прилагодени на потребите на различни бизнис-сегменти, особено на малите и средни претпријатија. Новите понуди имаат за цел да обезбедат флексибилни, сигурни и одржливи решенија, кои ќе им помогнат на клиентите подобро да го управуваат своето трошење и да ги намалат трошоците.
Во време кога пазарот сè повеќе се насочува кон енергетски решенија кои почисти, поинтелигентни и ориентирани кон корисниците, ЕДС, со поддршка од PPC, е подготвена да придонесе кон модернизација на енергетскиот сектор во регионот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
