Неколку лица се повредени во пукотница што се случи попладнево, 29 април, во центарот на шведскиот град Упсала, а во тој град моментално е во тек полициска операција. Порталот СВТ пишува дека има неколку жртви.
Полицијата опколи голема површина во близина на плоштадот Ваксала откако неколку луѓе пријавија дека слушнале истрели во областа.
– Бараме повредени лица во областа откако добивме информации од очевидци дека слушнале експлозии во областа – изјави портпаролот на полицијата Магнус Кларин, истакнувајќи дека во овој момент полицијата не може да даде дополнителни детали за инцидентот.
„Шведскиот јавен сервис објави дека еден од очевидците рекол дека слушнал пет истрели и дека видел луѓе како трчаат во различни насоки“, објави порталот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖