Дали се миете со ладна вода? Еве ги придобивките од тоа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еден од најефикасните трикови за подобрување на изгледот на вашата кожа е миењето на лицето со ладна вода, а овој ритуал не само што ве буди, туку носи и резултати кои веднаш ќе ги забележите.

Имено, експертите тврдат дека студената вода има бројни придобивки за кожата, а најважен ефект е моменталното затегнување.

“Кога го миете лицето со ладна вода, крвните садови се стеснуваат, што го намалува отокот и го зголемува тонот на кожата. Овој брз ефект помага да се намали појавата на порите и да и даде на вашата кожа свеж, затегнат изглед”, вели дерматологот д-р Емили Ванг.

Покрај тоа, студената вода помага за подобрување на циркулацијата, па кожата добива повеќе хранливи материи и изгледа поздраво. Оваа навика може да помогне и во намалување на црвенилото и иритацијата, правејќи ја кожата помазна и порамномерна.

На долг рок, оваа навика може да ја подобри текстурата на кожата и да ви даде сјаен, младешки изглед. Телото, како и лицето, користи ладна вода за брзо зајакнување на тонусот, а туширањето со ладна вода ја подобрува циркулацијата, го намалува стресот и дава енергија, оставајќи ја кожата затегната, пренесува klix.ba.

Share This Article