Белата куќа соопшти дека Кина сега се соочува со царина од 245 отсто на увозот во САД „како резултат на нејзините одмазднички акции“, пренесува Њузвик. Медиумот пишува дека ова е уште една ескалација во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.
Оваа потенцијална царина е повисока од претходните економски мерки на САД против Кина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џиан беше прашан за стапката од 245 проценти на брифингот за новинарите во средата.
– Можете да ја прашате американската страна за специфичните даночни стапки. Кина постојано го кажува својот став за царинското прашање. Оваа царинска војна беше иницирана од Соединетите Држави, а неопходните контрамерки на Кина се да ги заштити своите легитимни права и интереси и меѓународната правичност и правда, кои се целосно разумни и законски – ред Џиан, објави „China News Network“.
Според него, нема победник во царинските војни и во трговските војни, „а Кина не сака да се бори, но во никој случај не се плаши да се бори“.
Трамп воведе царина од 10 отсто за увоз од сите земји. Тој привремено ги паузираше дополнителните „реципрочни“ стапки поставени поединечно за секоја земја во зависност од трговските бариери со кои се соочуваат САД за да се даде време за преговори за нови договори.
Исклучок од таа пауза е Кина, која се соочува со сè повисоки царини од САД.
Администрацијата на Трамп ги предупреди земјите да не се одмаздуваат на царините и дека ќе бидат наградени за тоа.
„Никој не се „симнува од јадица“ поради неправедните трговски биланси и немонетарни царински бариери, кои другите земји ги користеа против нас, особено не Кина, која, далеку, ни се однесува најлошо!“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“ на 13 април.