Против шестмина полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и истовремено ќе бидат суспендирани од работа поради случајот со прекумерна употреба на сила врз двајца Албанци на возраст од 21 и 23 години. .
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презел мерки и дејствија за настанот случен на 07.10.2026 за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање на полициски овластувања.
„Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против шест полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место – суспензија“, соопшти Министерството.
Во однос на пријавите за кривично правните настани поднесени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на надлежните обвинителства се издаваат наредби за вештачење по кои се постапува.
По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
