Background

На 23 април ќе продолжи судењето за убиствата на Вања и на Панче

На 23 април, следната среда, во 10 часот во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за грабнувањата и суровите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски (74). Денешното рочиште е одложено поради здравствени проблеми на адвокатот Јовица Страшевски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. По 23 април, следно рочиште е 28 април,во 10 часот.

Судијата Ивица Стефановски информираше дека денеска добил поднесок од бранителот  Страшевски, со медицинска документација и со барање за одложување на рочиштето. Страшевски доставил медицински упат со дата од завчера, 14 април и лекарски извештај од 15 април и ги навел и датумите на кои не може да дојде на судењето.

– Ова е прво одлагање. Судот има разбирање, но нема да дозволи да се повтори. Доколку се случи уште еднаш вакво нешто ќе поставам бранител по службена должност – рече судијата Стефановски.

- Advertisement -
Ad image

Обвинетите денеска не беа спороведени во судот, затоа пто судијата го откаѓал спроводот птом го добил барањето од Страшевски.

На следното рочиште Палевски треба да продолжи со својот исказ. Завчера, на минатото рочиште раскажа што правел на 22 ноември 2023 година, дента кога е убиен Панче Жежовски. На следното рочиште треба да објасни што правел на 27 ноември, дента кога е убиено девојчето Вања Ѓорчевска.

За убиствата, освен Палевски се обвинети Велибор Мамев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Обвинет е и Александар Жорчевски, таткото на Вања, за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

По исказот, Палевски ќе одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и на адвокатите на  останатите обвинети. Последен ќе го распраша судијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation