Општина Охрид во соработка со „Бисер Импорт“ доделува 575 ваучери за велосипеди за млади од Охрид до 29 години. Проектот го имплементира Младински Центар и Локален Младински Совет од Охрид.
Апликантот мора да биде жител на Општина Охрид и да не биде постар од 29 години. Секој може да добие само еден ваучер, а за малолетни лица апликацијата ја пополнува родител/старател.
Апликациите се разгледуваат по принципот прв дојден – прв услужен, сѐ до доделување на сите 575 ваучери.
Ваучерите ќе се подигнуваат лично во Бисер Импорт на ул. „Егејска“ бр. 4, Охрид, со приложување документ за лична идентификација.