Технолошкиот гигант Apple изнајми карго летови за транспорт на 1,5 милиони паметни телефони, од Индија во САД за да го спречи влијанието на царините на администрацијата на Доналд Трамп врз цената за потрошувачите во САД.
Компанијата ја презеде оваа операција бидејќи САД се еден од најголемите пазари за овие паметни телефони.
Аналитичарите предупредија дека цените на „iPhone-ите“ во САД може да се зголемат како резултат на зависност на Apple од увозот од Кина, главниот производствен центар на овие уреди.
За паметните телефони идните потрошувачи во САД би требало да плаќаат царина од 125% колку што Трамп ѝ одреди на Кина. За увоз од Индија е поставена тарифа од 26%, но таа сега е на пауза од 90 дена.
-„Apple“ го зголеми производството на мобилни телефони во Индија и лобираше до властите на индискиот аеродром да го намалат времето потребно за царинење на аеродромот во Ченаи на 6 часа од вообичаените 30 часа – изјави извор за индиските медиуми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
