Миленичката на публиката, популарната Светлана Цеца Бојковиќ од серијата „Подобар живот“ (Бољи живот) го загуби својот сопруг по повеќемесечна борба со вирусна инфекција на градите, објави српски Телеграф.
Актерката го загуби сопругот по 14 години брак.
Славко Круљевиќ, сопругот на актерката, беше српски дипломат и амбасадор на земјата во Финска.
– Точно, Славко почина, во моментов сум во хаос, завршувам некои административни работи, во голем хаос сум. Во прашање е некој вирус, нешто со градите. Верувајте, ни самата не знам како се случи ова – рекла тажната актерка.
Според медиумите, и Светлана била болна од истиот вирус и ѝ ослабнал имунитетот, но таа и понатаму се грижела за својот сопруг.
Поради болеста ги откажала сите претстави периодов и била целосно фокусирана на сопругот.
Славко е трет маж на актерката која публиката ја засака преку серијата „Подобар живот“ каде што ја глумеше Емилија Попадиќ.
Тие стапија во брак во 2011 година во Белград, но поради сопругот, Светлана бргу по венчавката се пресели во Хелсинки.