Украина ѝ забрани влез во државата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Службата за безбедност на Украина ѝ забрани на романската европратеничка и лидерка на суверенистичката партија „СОС Романија“ Дијана Шошоака да влезе на територијата на Украина во период од три години, информира Службата за безбедност во соопштение објавено на веб-страницата на институцијата, објави романскиот информативен сајт Хотњуз.

Украинската амбасада во Букурешт вчера остро реагираше на писмото од Дијана Шошоака до рускиот претседател Владимир Путин, во кое европратеничката тврди дека Романија треба да ги врати териториите под украинска контрола врз основа на пактот Рибентроп-Молотов од 1939 година.

Украинската амбасада „категорично“ ги осуди овие наводи, нагласувајќи дека секоја изјава што го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина е неприфатлива и е во спротивност со меѓународните норми, Повелбата на ОН и основните демократски вредности.

Во писмото до Путин, Шошоака го повикува рускиот претседател во мировните преговори да размисли за враќање на „романските територии кои незаконски ги држи Украина преку пактот Рибентроп-Молотов“.

Share This Article