Background

Нема поместување ниту милиметар од целта за членство во ЕУ

Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема никакво поместување, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на Арбана Пашоли од Европскиот фронт за стратегијата на Владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и за отворање на преговарачките поглавја.

– Европската Унија останува наша стратешка цел и тука нема поместување ниту милиметар. Ние сакаме тој процес, како што сме кажале многупати во минатото, да го почнеме и да го завршиме, не само да го почнеме. Гледате како се менува постепено реториката во парламентот од седница на седница, од месец на месец, од година на година, кога и самите вие велевте дека ова е решение за членство, сега велите дека е решение за почеток на преговори, што е точно, ова е решение за почеток на преговори – истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата води дијалог со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот.

- Advertisement -
Ad image

– Во овој дијалог што го водиме со Бугарија, апсолутно, еве вие како здружена опозиција на неколку политички партии, предложете претставници да бидат дел од тимот што ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед. Ние апсолутно тоа ќе го почитуваме – нагласи премиерот.

Мицкоски рече дека актуелната состојба е последица на политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ. Посочи дека Владата во моментот работи на промена на перцепцијата кај европските партнери и на отворање простор за деблокирање на процесот.

– Тој процес е бавен, но се случува и тоа е реалност – рече тој додавајќи дека промените може да се видат и преку неодамнешните контакти меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, како и средбите со еврокомесарката Марта Кос.

Премиерот најави дека следниот чекор ќе биде усогласување на акцискиот план за малцинства, документ што, како што посочи, е прифатен од 26 земји членки на Европската Унија, но не и од Бугарија.

– Зашто е важен овој акциски план за малцинствата. Дури и утре да одлучите да го промените Уставот на начин на кој сте одлучиле, повторно тоа нема да биде доволно за да ги продолжиме преговорите, бидејќи треба да имаме усогласен акциски план за малцинства. Така што, ние најпрвин ќе го усогласиме акцискиот план за малцинства – рече премиерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖