ВИКЕНДОВ КАЗНЕТИ 2.045 ВОЗАЧИ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во деновите од изминатиот празничен викенд (08/09.03.2025), како и во петокот (07.03.2025), статистички бројки од сообраќајните контроли низ целат аземја покажуваат дека и натаму нивото на сообраќајна култура, совесност и одговорност е под задоволителните критериуми.

Овој викенд се издадени 2.045 платни налози. Предничат прекршоците (637) по основ на возење со брзина поголема од дозволената, потоа неправилно паркирање – 393 прекршоци. За возење без возачка дозвола изречени се 225 мерки, а за возење под дејство на алкохол 146 санкции.

Во сообраќајните контроли полициските службеници во 115 случаи издале прекршочни платни налози поради некористење сигурносен појас, 56 санкции за користење мобилен телефон при возење, како и 35 мерки за возачи на мотоцикли поради некористење заштитна кацига, 14 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.

Полицијата приведе две лица во Кичево и во Штип поради безобѕирно управување со моторно возило.

– На 10.03.2025 во 00.35 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ж.М.(49) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Исто така, на 09.03.2025 во 18.00 часот во близина на селото Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај – наведоа од МВР.

Share This Article