Полицијата го пронајде 22-годишниот штипјанец кој со автомобил „опел“ без регистарски таблички дрифтал низ Штип, откако снимка од неговото опасно возење се појавила на социјалните мрежи. Проверките откриле уште еден прекршок – младиот возач воопшто немал стекнато право да управува со автомобил.
Снимката била објавена на 12 октомври, а два дена подоцна полициските службеници од СВР Штип го идентификувале возачот.
„По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 година на социјалните мрежи, на 14.10.2026 година во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К. (22) од Штип“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На видеото се гледа како возачот намерно предизвикува пролизгување на автомобилот, односно изведува маневри познати како дрифтање.
За случајот е известен јавен обвинител, а полицијата најави дека по целосното документирање ќе поднесе соодветна пријава.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
