Трамп, планира да го отповика привремениот правен статус на околу 240.000 Украинци кои побегнале од конфликтот со Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го отповика привремениот правен статус на околу 240.000 Украинци кои побегнале од конфликтот со Русија, изјавија висок функционер на администрацијата на Трамп и уште 3 извори, запознаени со ова прашање, што потенцијално ќе ги забрза депортациите, објави Њузвик.

Мерката се очекува да стапи во сила веќе во април, што претставува остар пресврт од политиката за добредојде за Украинците, за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Планираното укинување на заштитата за Украинците беше во тек пред Трамп јавно да се судри со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, минатата недела. Овој потег е дел од пошироката стратегија на администрацијата на Трамп за одземање на правниот статус на повеќе од 1,8 милиони мигранти на кои им беше доделен привремен хуманитарен статус во САД за време на администрацијата на Бајден, велат изворите.

Портпаролката на американското Министерство за домашна безбедност (DHS), Триша Меклахлин, рече дека засега нема официјални изјави на оваа тема. Белата куќа и украинската амбасада не одговорија на барањата за коментар.

Share This Article