Поранешниот ирански министер за надворешни работи, потпретседател и советник на иранскиот претседател Масуд Пешмерга, Мохамед Џавад Зариф, поднесе оставка, која се уште не е прифатена, јави денеска новинската агенција ИРНА.
„Писмото за оставка на господинот Зариф го прими претседателот Масуд Пезешкијан. „Тој се уште не одговорил“, објави агенцијата, без да даде детали.
Во изминатите шест месеци се соочив со најстрашните навреди, клевети и закани кон мене и моето семејство“, напиша Зариф на социјалната мрежа Х.
Мохамед Џавад Зариф исто така поднесе оставка од својата позиција на потпретседател за стратешки прашања во август, но се врати во владата неколку дена подоцна. Зариф тогаш рече дека бил под притисок бидејќи неговите деца имаат американско државјанство.
Зариф беше министер за надворешни работи на Иран од 2013 до 2021 година, под умерената влада на Хасан Рохани.
Од иранска страна, тој беше архитект на нуклеарниот договор склучен во 2015 година меѓу Техеран и неколку сили, вклучително и САД.