Нова истрага е отворена против Дејан Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, овојпат за давање поткуп на службено лице во Министерството за економија за да му биде обезбедена лиценца за угостителска дејност.
Според Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Јованов се сомничи дека дал поткуп за службеникот да направи нешто што не смеел да го направи – да му обезбеди лиценца без тој воопшто да поднесе барање и иако знаел дека неговиот објект не ги исполнувал законските услови.
За ова кривично дело е предвидена затворска казна од една до 10 години.
Поради опасност од бегство, Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог за определување притвор за Јованов. Како дополнителна околност го посочува и фактот што против него веќе се води друга кривична постапка – за тешки дела против општата сигурност, поврзана со пожарот во „Пулс“.
Јованов досега беше во притвор во предметот за пожарот, но законскиот рок за обезбедување на неговото присуство во таа постапка истекува. Во меѓувреме, Обвинителството за организиран криминал продолжува да собира докази за сомненијата за давање поткуп.
Од Обвинителството велат дека поради сите околности процениле дека постои ризик Јованов да не биде достапен за постапката и затоа побарале да му биде определен нов притвор.
Службеникот од Министерството за економија за кој се сомничи дека го примил поткупот веќе е обвинет и против него се води судска постапка за примање поткуп.
Новиот предмет е одделен од судењето за пожарот во „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
