Мицкоски за разрешувањето на државниот јавен обвинител

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му беше дадена шанса, но изминатиов период освен пресметки со неистомисленици во обвинителството и последен браник за одговорноста на минатата власт, друго ништо не се виде од обвинителот, и токму затоа се почна со постапката за разрешување, затоа што граѓаните треба да видат правда и борба против криминалот и корупцијата.

– На Коцевски му оставивме шанса и покрај тоа што бевме свесни дека можеби јавноста нема со наклонетост да гледа на таа одлука да оставиме шанса на и така потонатото во кал обвинителство и судство. Дадовме шанса што може да направат, дали може да излезат од таа политичка матрица во која поединци се наоѓаат, не сите. Не влеговме како другите влади од прв ден да се пресметуваме со обвинителот и да правиме маратонски седници и да менуваме закони. Рековме да оставиме простор, но освен внатрешна пресметка со неистомисленици во рамките на обвинителството, која се случи како резултат на процеси во позадина како исплатените дневници за поранешните специјални обвинители, друго ние не видовме. Друго беа изговори – изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека за да се покаже дека нема да биде „како до сега“ соочени се сите аргументи и констатирано е дека треба да се почне со барање одговорност од јавниот обвинител, кој од некои потези кои не личат на коректни и внатрешни пресметки во обвинителството, апсолутно ништо друго не прави.

– Почнавме постапка како влада, законски рокови и потоа сето тоа ќе дојде на собраниска седница. Има пратеници од политички партии во опозицијата наместо на страната на гласот на народот, застанаа во одбрана на Коцевски. Имајќи предвид дека довербата во обвинителството не е повеќе од 2-3%, тогаш се поставува прашањето чиј глас го претставуваат бранејќи го Коцевски. Јас лично имам дилема дали е тоа морално или осмислена политичка стратегија? Главните критики од извештајот на ЕК се во делот на владеење на право, имплементација на реформи во правосудството, тогаш кого штитат? Каква е пораката што се испраќа? После се чудат зошто довербата кај граѓаните опаѓа и кај опозицијата – рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата останува принципиелна на тоа што го говори.

– Рековме ќе дадеме шанса, но тоа што го гледаме е комплетно фијаско и последен браник на интересите на претходната владина коалиција, за што мора да има одговорност, а одговорноста е токму тука во Собранието бидејќи тој јавен обвинител се бира во Собрание. Мора да имаме недвосмислена борба против криминалот и корупцијата – потенцираше премиерот Мицкоски.

Share This Article