Background

Министерката за финансии ги коментира трошоците за живот и минималната потрошувачка кошничка

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ, истакна дека не секое семејство во земјава троши исто количество на основни прехранбени производи, коментирајќи ги трошоците за живот и минималната потрошувачка кошничка.

– Некое семејство може да троши и 18 литри млеко месечно, но има и такви што не пијат млеко воопшто – рече министерката, додавајќи дека нејзиното четиричлено семејство купува замрзнат грашок од поевтините маркети, а не поскапи варијанти кои надминуваат 100 денари за иста грамажа.

Во однос на забелешките за методологијата на пресметка на трошоците, министерката нагласи дека според податоците од последниот попис, просечното семејство во земјава брои три, а не четири члена.

- Advertisement -
Ad image

Таа се осврна и на трошоците на администрацијата, посочувајќи дека во Министерството за одбрана биле ставени на исто ниво со оние на пратениците, што според неа не било соодветно.

– Ве повикувам да дадете издржан, конструктивен предлог со кој нема да се наруши интегритетот и достоинството на пратениците, и нема никаков проблем – ќе го решиме – ѝ се обрати Димитриеска Кочоска на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ.

Во однос на инфлацијата на храната, министерката нагласи дека во време на владата на СДСМ таа надминала 30 проценти, додека денес е значително пониска, под 3 проценти.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation